www.bestweb.com.mk
Се наоѓате во делот: Почетна Други спортови Џекпот за Мајами,хаос во Кливленд


Џекпот за Мајами,хаос во Кливленд

Една од најголемите звезди во НБА Лигата,Леброн Џејмс одлучи по седум поминати години во Кливленд да ја...

промени средината и да заигра за Мајами Хит во друштво со Двејн Вејд и Крис Бош.Со тоа Мајами стана најголемиот добитник во преодниот рок во НБА Лигата,бидејќи по доведувањето на Крис Бош,го добија и "џекпотот" доведувајќи го во своите редови и Леброн Џејмс.

Мајами сега создаде супертим кој е подготвен за долгогодишна доминација и способна за собирање титули во клупската ризница во кој сега се наоѓа само онаа од 2006 година со потписот на Двејн Вејд и Шекил О'Нил.

"Не можам да речам дека отсекогаш планирав да дојдам во Мајами бидејќи мислев дека такво нешто не е можно.Но она што го направи клубот за да најде пари за сите тројца беше тешко да се одбие.Вејд и Бош се одлични играчи,едни од најдобрите во лигата"-рече Џејмс за новите клупски соиграчи и колеги од репрезентацијата.

И Вејд и Бош прифатија помали договори како би се растоварила клупската каса и би се собрале финансии за доаѓањето Леброн Џејмс.Според зборовите на Џејмс,беше свесен дека оваа одлука нема да биде прифатена од навивачите на Кливленд кои го сметаа за бог а тоа најдобро го покажаа кадрите по неговата објава за промена на клубот кога навивачите го палеа неговиот дрес.

"Во тоа неможам да навлегувам.Сакав да го сторам она што е најдобро за мене.Се чуствував лошо кога видов дека го палат мојот дрес а уште полошо се чуствувам бидејќи не ја донесов титулата во Кливленд.Се надевам дека моите вистински навивачи таму и понатака ке навиваат за мене".

Џејмс пред да ја донесе конечната одлука преговараше со шест екипи,а колку добро помина Мајами кажува и податокот дека сите расположливи сезонски влезници беа веднаш распродадени.Во кариерата Џејмс досега одигра 548 натпревари од основниот дел од лигата.Освен на една,на сите останати беше стартер и за 39 минути во просек поминати на паркетот забележуваше во просек по 27,8 поени,7 скокови и 7 асистенции.

Откако ја објави својата одлука за заминување во Мајами Хит,во Кливленд целата љубов кон Леброн Џејмс се претвори во омраза.Голем број навивачи излегоа на улиците и го палеа дресот на Кливленд со број 23 а беше и каменувана ТВ куќата од чие студио Џејмс го кажа она што тие не сакаа да го слушнат.

"Го плукна градот кој стоеше зад него и го бодреше уште од средношколските денови.Да се појави на телевизија и да не плукне во лице на таков начин е одвратен потег од негова страна"-рекоа навивачите на Кливленд Каволирс.

Џејмс е роден во Акрон,петти град по бројот на жители во државата Охајо во која се наоѓа и Кливленд,град во финансиски колапс како последица на згаснувањето на автоиндустријата.И покрај тешката ситуација жителите на Кливленд можеа да се пофалат со нешто што никој друг го немаше а сега останаа и без тоа.

"До самиот крај не држеше во неизвесност.Кои сме ние за така да постапува со нас?Ако сакаш да останеш,остани.Доколку сакаш да си заминеш,само исчезни.Но имавме право тоа да го дознаеме на друг начин и пред целиот свет да дознае".

"Ова е како да сме загубиле финале со шут со звукот на сирената.Никогаш не помислив дека ке си замине".

"Со ова покажа дека е губитник и подобро што си замина.Со тоа само ни направи услуга".

Беа тоа дел од ракциите на луѓето кои излегоа на улиците на Кливленд а потоа приредија вистински хаос во градот.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар
Треба да бидете логиран за да напишете коментар. Ве молиме регистрирајте се.

busy
 

Депортиво новости

Занимливости

Breaking News

                25 мај 2010 - Новости

- Марадона среќен со победата над Канада

- Последна средба Морати - Мурињо

- Ледли Кинг: Ке бидам здрав на СП

- Парк: Јужна Кореа се се подобри

- Мурињо сака многу голови од Роналдо

- Торес останува во Ливерпул

- Шпанија без Торес, но со Фабрегас

- Морати: Манчини не се враќа во Интер

 

                23 мај 2010 - Новости 

- Мајкон: Ако Мурињо ме побара, одам во Реал

- Вест Хем со понуда за Тиери Анри

- Пипо потпиша нов договор со Милан

- Марадона: Реал не го сака Игуаин повеќе

- Рома не го продава Мексез

- Робињо сака да остане во Бразил и оваа година

- Виља: Среќен сум што дојдов во Барса

- Рибери: Ќе го продолжам договорот

- Сер Алекс го купува Бензема од Реал

- Моџи: Златан ќе биде идеален за Милан

 

Facebook група

Анкета

Словачка - Македонија
 

Пријатели