Новиот претседател на Барселона Сандро Росел потврди дека клубот за следната сезона за засилувања ќе има на располагање уште 50 милиони...
евра. Шпанскиот гигант во летниот преоден рок го донесе напаѓачот на Валенсија Давид Виља за 40 милиона евра, а го продадоа Јаја Туре во Манчестер Сити и Дмитри Чигрински во Шахтјор.“Клубот има околу 50 милиона евра нето потрошувачка за засилување секоја година. Во овој случај, трошоците за купување на Давид Виља се анулираа со продавањето на Туре и Чигрински. Тоа значи дека клубот и понатаму има околу 50 милиона евра“,- објасни Росел.
Се очекува дека целиот износ на располагање на Барселона ќе се потроши во доведување на капитенот на Арсенал Фабрегас, иако засега сите напори на каталонскиот клуб за купување на играчот кој израсна во нивната младинска школа остануваат неуспешни.



