Жозе Мурињо во петокот го одржа својот прв тренинг како нов тренер на Реал Мадрид и веќе на почетокот постави свои правила. Шпанските медиуми пренесуваат...
дека тренингот почнал 20 минути порано, во 9,10 часот, за да им објасни на играчите дека нема да толерира никаква недисциплина.Правилата на Мурињо:
1. Кој задоцни, нема да тренира. Мурињо се изјасни дека доцнење нема да толерира, како ни неоправдано отсутни. Тренингот започнува во 9,30 часот и кој задоцни и минута, не мора и на излезе на терен . Ќе тренира сам.
2. Автобусот не чека никого и кој задоцни ќе остане во Мадрид.
3. Тренинзите траат 90 минути со интензивна работа.
4. Доколку некој играч е повреден, тој доаѓа во 8,30 часот за да лекарите го прегледаат и одлучат дали тој може да тренира или не.
5. Ѕвоното од мобилниот телефон мора да биде намалено во автобус. Играчите можат да слушаат музика, но да не ги вознемируваат другите.



