По повлекувањето на Емил Хески од репрезентацијата, Англичаните веднаш почнаа со анализи кој е најлошиот напаѓач...
кој некогаш го носел дресот на “Гордиот Албион“.Емил Хески се повлече и веб страните се преплавени со шеги и иссмевање на негова сметка. Се чини дека ниеден напаѓач не бил така потценуван на островото, како што е случајот со овој искусен напаѓач.
Бројките не му одат во прилог, во 62 натпревари одиграни за репрзентацијата дал само 7 гола.
Се споменува познатата победа над Германија во Минхен 2001 година. Навивачите на Англија пееја: “Победивме со 5:1 и дури Хески даде гол“.
Тој во однос на натпреварите со дадените голови е убедливо на последното место од сите напаѓачи кои некогаш го носеле дресот на Англија. Секако во обзир се земени фудбалерите кои имаа повеќе од 20 натпревари.
Еве неколку шеги на сметка на Хески:
“Денес Хески на тренингот 100 пати ја погоди мрежата. Штета што играа тенис“.
“Денес Роберт Грин успеа да го сочува голот од 100 последователни удари. Утре тој и Хески ќе тренираат со остатокот од тимот“.
“Гледач влезе во соблекувалната на Англија по натпреварот со Алжир. Сите беа во шок, додека не го препознаа Хески“.
“Навивач мора да има осум автограми од Емил Хески, како би можел да менува еден за Вејн Руни“.
“Осуденик на смрт има последна желба. Стрелачкиот вод да се состои од еден човек и по можност тој човек да биде Емил Хески“.
“Која е разликата помеѓу нафтена дамка и Емил Хески. Нафтената дамка е опасност за Америка“.
Фабио Капело извикува: “Хескиииии! Што правиш таму?“. Хески одговара: “Па тоа што ми рече шефе, ја задржавам играта“.



