www.bestweb.com.mk
Се наоѓате во делот: Почетна Фудбал “Интер ќе биде уште подобар“


“Интер ќе биде уште подобар“

Новиот тренер на Интер Рафаел Бенитез очекува неговиот тим да игра многу подобро оваа сезона отколку минатата година...

Интер минатата година освои три трофеја - првенството во Италија, Купот на Италија и Лигата на Шампионите, но екипата беше шесто критикувана поради стилот на игра кој воглавно се базираше на контранападите.

“Овој том сака да учи. Сеуште не сме комплетна екипа, но играчите покажаа дека се паметни и дека можат да го направат тоа што го барам од нив“, изјави Бенитез за весникот Газета дело Спорт.

Бенитез на крајот од минатата сезона, по шест години во Ливерпул, потпиша двегодишен договор со Интер. Со англискиот клуб ја освои Лигата на Шампионите 2005 година и ФА купот во 2006 година.

“Би сакал да играме подобро, да ја задржуваме што повеќе топката кај нас. Играчите тоа го бараа од мене, но тоа ќе биде тешка задача“.

“Го проучив тимот и видов дека Интер победува кога организира брзи контранапади. Играчите не ја држат долго топката, но затоа брзо тргнуваат во напад кога ќе ја освојат“.

Тој изјави дека би сакал да им овозможи можност на младите играчи на Интер. Тимот кој ја освои Лигата на Шампиони е критикуван затоа што немаше ниеден италијанец во стартниот состав.

Ветераните Марко Матераци и Франческо Толдо беа на клупата, заедно со напаѓачот Марио Балотели.

“Цел ни е да им дадеме можност на младите играчи. Сите зборат за тоа, но всушност сите сакаат да победуваат и никој нема храброст да чека“. изјави Бенитез.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар
Треба да бидете логиран за да напишете коментар. Ве молиме регистрирајте се.

busy
 

Депортиво новости

Занимливости

Breaking News

                25 мај 2010 - Новости

- Марадона среќен со победата над Канада

- Последна средба Морати - Мурињо

- Ледли Кинг: Ке бидам здрав на СП

- Парк: Јужна Кореа се се подобри

- Мурињо сака многу голови од Роналдо

- Торес останува во Ливерпул

- Шпанија без Торес, но со Фабрегас

- Морати: Манчини не се враќа во Интер

 

                23 мај 2010 - Новости 

- Мајкон: Ако Мурињо ме побара, одам во Реал

- Вест Хем со понуда за Тиери Анри

- Пипо потпиша нов договор со Милан

- Марадона: Реал не го сака Игуаин повеќе

- Рома не го продава Мексез

- Робињо сака да остане во Бразил и оваа година

- Виља: Среќен сум што дојдов во Барса

- Рибери: Ќе го продолжам договорот

- Сер Алекс го купува Бензема од Реал

- Моџи: Златан ќе биде идеален за Милан

 

Facebook група

Анкета

Словачка - Македонија
 

Пријатели

Присутни

Има 16 гости присутни