www.bestweb.com.mk
Се наоѓате во делот: Почетна Фудбал Гути заминува од Реал


Гути заминува од Реал

По 24 години поминати на Сантијаго Бернабе, фудбалерот на Реал Хозе Марија Гутиерез Гути (33) најави дека си заминува од клубот.Тој започна во младите селекции на Реал...

во 1984, а единаесет години подоцна, поточно 2 декември 1995 година дебитираше за првиот тим против Севиља.

На конференцијата за новинари во Мадрид, Гути нагласи дека сеуште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

“Сакам да им се заблагодарам на својата фамилијата, пријателите, соиграчите, луѓето од Реал кој низ овие 24 години ми даваа поддршка. Со само девет години прв пат истрчав на теренот во дресот на Реал и никогаш не можав да замислам дека вака долго ќе бидам дел од клубот. Имав убави, преубави моменти, но и оние помалку пријатни. Се е тоа дел од кариерата на еден фудбалер. Сепак, секогаш сум уживал како играч на Реал. Ова беше фантастично патување кој во овој момент мораше да дојде до крај“. изјави расплаканиот Гути пред многубројните новинари.

“Заминувам знаејќи дека семејството Реал ме сака. Тоа е она најважното. Ќе играм и понатаму, но овој клуб засекогаш ќе има свое место во моето срце“.

На прашањето дали преминува во Бешикташ, Гути изјави:

“Не знам. Интересна е нивната понуда, но постојат и неколку други понуди, па ќе видиме“.

Во дресот на “кралскиот клуб“ Гути освои пет шампионски титули во Шпанија, четири во Супер купот на Шпанија, три во Лигата на Шампиони, УЕФА Супер куп и два интерконтинентални купа.

Спортскиот директор на Реал Хорхе Валдано изјави дека дресот со број 14 кој го носеше Гути, по неговото заминување ќе биде повлечен од употреба.

Коментари (0)Add Comment

Напишете коментар
Треба да бидете логиран за да напишете коментар. Ве молиме регистрирајте се.

busy
 

Депортиво новости

Занимливости

Breaking News

                25 мај 2010 - Новости

- Марадона среќен со победата над Канада

- Последна средба Морати - Мурињо

- Ледли Кинг: Ке бидам здрав на СП

- Парк: Јужна Кореа се се подобри

- Мурињо сака многу голови од Роналдо

- Торес останува во Ливерпул

- Шпанија без Торес, но со Фабрегас

- Морати: Манчини не се враќа во Интер

 

                23 мај 2010 - Новости 

- Мајкон: Ако Мурињо ме побара, одам во Реал

- Вест Хем со понуда за Тиери Анри

- Пипо потпиша нов договор со Милан

- Марадона: Реал не го сака Игуаин повеќе

- Рома не го продава Мексез

- Робињо сака да остане во Бразил и оваа година

- Виља: Среќен сум што дојдов во Барса

- Рибери: Ќе го продолжам договорот

- Сер Алекс го купува Бензема од Реал

- Моџи: Златан ќе биде идеален за Милан

 

Facebook група

Анкета

Словачка - Македонија
 

Пријатели

Присутни

Има 16 гости присутни