Диего Марадона веќе не е селектор на репрезентацијата на Аргентина затоа што раководството на националната фудбалска федерација (АФА) едногласно одлучија...
да не го продолжат договорот со него.Марадона ја водеше селекцијата на Аргентина 21 месец, а под негово водство Аргентина на СП во Јужна Африка беше елиминирана во 1/4 финалето по дебаклот од Германија од 4:0.
“АФА едногласно одлучи со Марадона да не го продолжи договорот“, соопшти аргентинската фудбалска федерација.
Беше најавувано дека Марадона би можел да ја води репрезентацијата и во квалификациите за СП во 2014 година, но дојде до несогласувања затоа што АФА намераваше да промени некои членови од стручниот штаб на репрезентацијата, на што Марадона енергично се спротивстави.
Како најсериозен кандидат за нов тренер на репрезентацијатаа се споменува бившиот тренер на Бока Јуниорс, Рома и Атлетико Мадрид, 61-годишниот Карлос Бјанки.



