Ретровизорите на билидите на Ф1, кои моментално се сместени поптолно на страна, вон кокпитот, ќе бидат забранети...
од Големата Награда на Шпанија.Таква одлука е донесена од сигурносни причини, односно ваквата поставеност на ретровизорите ја намалавува прегледноста на пилотот и со тоа се намалува и безбедноста. Од Барселона ретровизорите ќе се наоѓаат повторно на кокпитот како што беше тоа до оваа година.
Новата позиција на ретровизорите беше топло пречекана од голем дел на пилотите бидејќи со тоа добија нов аеродинамичен елемент. Сега пилотите се плашат дека новата одлука ќе ги забави.
`Се плашам дека враќањето на ретровизорите на кокпитот ќе ја намали моќта на нашите болиди` - изјави пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел



